Рации и апсења во Мадрид: истрага за перење пари за владата на Венецуела

3331112_spanska-policija-za-ilustraciju_ls.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанската полиција уапси две лица и упадна во неколку куќи во Мадрид како дел од истрагата за перење пари за владата на Венецуела, соопшти денеска шпанскиот Врховен суд.


Операцијата е изведена на барање на судијата Хозе Роберто Ринкон, кој ја водеше истрагата со португалските и американските власти, соопшти судот.

Судот додаде дека истражува осомничени поврзани со владата на Венецуела, кои наводно переле пари, давале мито и формирале криминални здруженија, објави Ројтерс.

Полицијата посети четири локации, вклучително и домови во предградијата на Мадрид.

Истрагата е насочена против семејството на венецуелскиот тајкун, објави весникот „Конфидентал“, повикувајќи се на неименувани извори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK