Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ракетата „Орешник“ има моќ што може да се спореди со нуклеарно оружје.
Тој на самитот на Организацијата за колективна безбедност (CSTO) во Астана објасни дека ракетата, чии елементи на удар достигнуваат температура од 4.000 степени, може да погоди високо заштитени објекти, дури и оние кои се наоѓаат на големи длабочини, и се што е во епицентарот експлозии, се претвора во прашина, објави Риа Новости.
Москва веќе има на располагање неколку ракети „Орешник“ и започна со големо производство на напредниот вооружен систем, додаде тој.