Во Русија нема ниту ќе има сочувство кон нацистите, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Во разговор со работниците во фабриката за тешка индустрија „Уралвагонзавод“, тој изјавил дека антируските политичари ја презеле власта во Украина по распадот на Советскиот Сојуз, пренесува ТАСС.
„Дрско се однесуваа и имаа поддршка од странство, пред се од САД. Тоа е причината зошто сè се случи. Оние кои некогаш соработуваа со нацистите останаа на своите позиции и сега го прават истото“, рече Путин.