Путин во посета на Чеченија по 13 години: прогласен за почесен граѓанин

ee550108-6bd7-4d19-bc82-28c8a3ffde71.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин стана почесен граѓанин на руската сојузна држава Чеченија, јави „Интерфакс“.


Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и чеченскиот муфтија Салах Межиев на Путин му врачија повелба и признание за почесно државјанство.

Путин му се заблагодари на муфтијата на чеченски јазик за, како што е наведено, работата што ја работи.

„Вие сте чувар на вредностите кои го зајакнуваат нашиот мултинационален свет и сите наши религии. Ова е ваша работа, ваша мисија пред целиот наш народ“, рече Путин и му подари на муфтијата рачно напишана копија од Куранот.

Кадиров му покажа на Путин модел од новата населба што треба да се гради во Грозни и најави дека новата населба ќе го носи името на Путин.

Рускиот претседател ненадејно ја посети Чеченија со цел да ги прегледа чеченските сили кои се подготвуваа да заминат на украинскиот фронт, јавуваат руските медиуми. Тоа е негова прва посета на Чеченија по 13 години.

Путин и чеченскиот воен командант Рамзан Кадиров го обиколија рускиот „Универзитет за специјални сили“ во Чеченија, каде војниците се подготвуваат да бидат испратени на линијата на фронтот во Украина, објавија руските државни медиуми.

„Сè додека имаме луѓе како вас, ние сме апсолутно, апсолутно непобедливи“, им рекол Путин на војниците во Чеченија, објавија руските државни медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK