Путин: Украинците изгубија 90.000 војници од почетокот на контраофанзивата

Путин-Украинците-изгубија-90000-војници-од-почетокот-на-контраофанзивата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина загуби повеќе од 90.000 војници од почетокот на нејзината контраофанзива на почетокот на јуни, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.


Путин, исто така, рече дека украинските сили изгубиле 557 тенкови и околу 1.900 оклопни возила во контраофанзивата. Овие тврдења не се независно потврдени.

Тој го изјави ова за време на говорот на состанокот на клубот Валдај во руското црноморско одморалиште Сочи. Тој повтори дека е „сигурен“ дека Русија ќе ги постигне своите цели во Украина, додавајќи дека нејзината мисија е да ја „денацифицираат“ Украина.

Рускиот претседател тврди дека инвазијата на Украина е „специјална воена операција“ чија цел е борба против нацистите во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK