Путин: Украина набрзо ќе остане без воена опрема и оружје

Putin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Русија, Владимир Путин во обраќањето пред учесниците на Економскиот форум во Санкт Петербург изјави дека Украина набрзо ќе остане без воена опрема и оружје.

Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски набрзо ќе биде целосно зависен од опремата што ја доставуваат западните земји.


– Украина не напредуваше во својата контраофанзива … Нејзината армија нема шанси против руската војска, посочи Путин.

Тој во својот говор истакна и дека „непријателските држави не им дозволуваат пристап на руските бизнисмени до нивните пазари“. Путин се осврна и на заминувањето на странските компании од Русија по инвазијата врз Украина, потенцирајќи дека Москва не ни сака тие да се вратат.

Путин најави и раст на руската економија до два отсто, по закрепнувањето од минатогодишните западни санкции.

Тој призна дека Русија ќе мора да ги зголеми трошоците за одбрана.

– Нашите јавни финансии денес се генерално избалансирани, има мал тековен дефицит во федералниот буџет. Се разбира, потребни беа дополнителни средства за зајакнување на одбраната и безбедноста, за набавка на оружје, ние сме должни да го направиме ова за да го заштитиме суверенитетот на нашата земја, истакна Путин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK