Путин тврди дека бил принуден да ја нападне Украина

Putin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Русија, Владимир Путин по говорот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург одговарајќи на новинарски прашања наведе дека бил принуден да ја нападне Украина.

– Војната во Украина ја иницираше украинскиот режим со поддршка од западните спонзори во 2014 година. Тогаш полна бомбардирањето во Донбас, тоа е војна. Бев принуден да употребам вооружени сили како одговор на барањето на Доњецк, за да ја запрам вооружената операција, истакна Путин.


Тој додаде дека западните земји прават се за да обезбедат тактички пораз на Русија на бојното поле.

Според Путин, Украина нема постигнато никаков успех на бојното поле и тој не се сомнева дека ќе биде уништена западната воена опрема.

Тој посочи и дека постои „сериозна опасност“ Северноатлантската алијанса да биде вовлечена во судирот во Украина.

Путин наведе и дека Русија „теоретски“ може да употреби нуклеарно оружје доколку постои закана за нејзиниот територијален интегритет или постоење, но дека тоа не е неопходно.

– Нуклеарното оружје е создадено за да ја обезбеди нашата безбедност во најширока смисла на зборот и постоењето на руската држава, но ние … немаме таква потреба (за негова употреба), истакна Путин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK