Ситуацијата околу Украина за Западот е прашање на тактичка позиција, додека за Русија е од витално значење, изјави рускиот претседател, Владимир Путин за ТВ Русија на 24.
Тој посочи дека е важно и руските и странските гледачи да разберат колку е чувствително и важно за Русија „се што се случува во правец на Украина“.
„За нив (Западот) тоа е подобрување на тактичката позиција, а за нас тоа е судбина, тоа е прашање на живот и смрт. Сакав луѓето кои ќе го слушаат ова (интервјуто со Карлсон) да го разберат тоа. Дали успеав во тоа или не – не е до мене да судам“, нагласи Путин.