Путин: Рускиот нуклеарен потенцијал мора целосно да се искористи


putin4-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нуклеарниот потенцијал на земјата мора целосно да се искористи за развој на економијата и одбраната на земјата, пренесе денеска РИА Новости.


„Уникатниот потенцијал на домашната нуклеарна индустрија мора целосно да се искористи за модернизација на економијата и обезбедување на одбранбените способности на Руската Федерација“, рече Путин.

Изјавата на претседателот на Русија е дел од честитката што помошникот на претседателот за наука и образование Андреј Фурсенко им ја пренесе на учесниците на состанокот посветен на претстојната 80-годишнина од домашната нуклеарна индустрија.

„Важно е уникатниот потенцијал и навистина неисцрпните иновативни способности на нуклеарната индустрија денес целосно да се искористат за модернизација на националната економија, обезбедување на одбранбените капацитети и енергетска безбедност на земјата и обука на модерен, квалификуван персонал“, се наведува во честитката, пренесе Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK