Путин: Русија ќе одговори на упадот на украинските сили во областа Курск

putin4-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинските сили мора да бидат протерани од областа Курск, а Русија ќе одговори на украинските напади, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.


На седницата на Советот за национална безбедност тој посочи дека Украина се обидува да ја подобри својата преговарачка позиција со инвазија на регионот Курск, пренесува РИА.

„Но, за какви преговори можеме да зборуваме со луѓе кои пукаат во цивили“, рече Путин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK