Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пјонгјанг ќе се сретне со севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, за прв пат по 24 години, а за време на дводневната државна посета на рускиот претседател се планира да биде потпишан договор за сеопфатно стратешко партнерство.
Договорот за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Русија и Северна Кореја предвидува продолжување на соработката во областа на меѓународната политика, економија и безбедност, изјави помошникот на шефот на руската држава Јуриј Ушаков.
„Во тек е подготовката на документите кои се планирани за потпишување. Тоа се однесува и на евентуалниот договор за сеопфатен договор за стратешко партнерство“, изјави Ушаков, пренесува РИА Новости.