Народната банка ги информира и предупредува граѓаните !

Информација од Народна банка
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Злоупотребувајќи го идентитетот на Народната банка преку телефонски повици непознати лица, се обидуваат противправно да остварат финансиска корист и/или да приберат лични податоци коишто потоа можат да бидат злоупотребени.







Ја известуваме јавноста дека Народната банка нема никаква поврзаност со лицата коишто ги оствариле телефонските повици и апелираме до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту пак да преземаат активности согласно со барањата од непознатите лица.  Доколку имате добиено или ако во натамошниот период добиете неочекувани телефонски повици, е-маил или СМС пораки од сомнителни адреси или телефонски броеви во коишто ви се нуди нешто што не делува реално и вистинито, или од вас се бара откривање на лични податоци , не започнувајте комуникација во којашто ќе дадете ваши лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка.

Ги уверуваме граѓаните дека ниту еден претставник и вработен на Народна банка, во ниту еден случај нема телефонски да побара од вас број на сметка, ПИН или друг вид на личен податок, ниту пак да бара да се уплатат средства на одредена банкарска сметка.

Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку друго комуникациско средство (електронска пошта или преку социјалните мрежи) од лице за кое се сомневаат дека лажно се претставува како вработен во Народната бaнка, веднаш да го пријават случајот во Народната банка, преку официјалната е-адреса: [email protected] .

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK