Путин: Постои шанса за мировен договор


depositphotos_442034052_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека постои можност за договор за прекин на војната во Украина.


Путин изјави дека неколку земји, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави и Кина, се подготвени да поддржат мировен договор, но дека проблемот мора да го решат земјите вклучени во конфликтот – Украина и Русија.

„На крајот, сепак, проблемот мора да го решат земјите вклучени во конфликтот – Русија и Украина. Благодарни сме на сите што се обидуваат да придонесат за решението. Дали има шанса? Според мене – има“, рече Путин.

Путин изјави дека има контакти со Украина, пренесува Ројтерс.

„Тешко ми е да кажам до кој степен ваквите контакти водат до мировен договор, земајќи ги предвид неодамнешните изјави на раководството на Украина. Контактите постојат и продолжуваат, главно преку разузнавачки канали“, рече Путин.

Сепак, како одговор на прашање, тој рече дека нападите на Украина врз цивилни трговски бродови и „пријавените закани за напад врз цивилни авиони“ се „акти на државен тероризам“, кои, според него, „ги комплицираат перспективите за билатерални мировни разговори“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела ги предупреди авиокомпаниите и осигурителните компании дека рускиот воздушен простор станал опасен поради присуството на украински беспилотни летала, иако рече дека Украина ќе ги таргетира само руските воени објекти и нема да ги загрозува цивилните авиони.

Украина ја повика агенцијата на Обединетите нации за воздухопловство да побара од своите членки да забранат операции во рускиот воздушен простор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK