Путин побара од владата да го забрза развојот на вештачката интелигенција во Русија

putin_34534544444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од владата да го забрза развојот на вештачката интелигенција во Русија за да може да се натпреварува со западните земји во светската трка за вештачка интелигенција.

Според документот објавен денеска на официјалната веб-страница на Кремљ по владиниот состанок, рускиот претседател побарал до 2030 година да се обезбедат мерки за поддршка на активностите на истражувачките центри во областа на вештачката интелигенција.


Трката за развој на вештачка интелигенција започна во последниве години меѓу најголемите технолошки групи во светот, како американските Гугл и Мајкрософт и кинескиот интернет гигант Баиду.

Соопштението на Кремљ доаѓа во време кога руската држава ја зајакнува контролата врз дигиталниот и високотехнолошкиот сектор среде конфликтот во Украина.

Според патоказот, Путин препорачал да се објават низа мерки, како што е ослободување на федерални средства за поддршка на истражувањата конкретно за алгоритми за машинско учење, големи модели на јазици, конвенционални роботи и суперкомпјутери.

Рускиот претседател сака и да го забрза воведувањето на вештачка интелигенција во јавните претпријатија,  a компаниите кои сакаат да добијат субвенции од федералниот буџет ќе имаат обврска да користат вештачка интелигенција.

Конечно, од 2024 година, програмата Системи за вештачка интелигенција ќе стане задолжителна и во високото образование, се вели во документот.

Путин во последниве месеци постојано повторуваше дека сака да постигне технолошки суверенитет бидејќи меѓународните санкции кои ја засегаат Москва ја спречуваат Русија да пристапи до странски софтвер и делови како што се полупроводници.

Во април, компанијата Сбер, еден од руските лидери во новата технологија, го лансираше својот робот кој зборува, приклучувајќи се на глобалната трка за такви средства создадени врз основа на вештачка интелигенција, како што е американскиот ChatGT.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK