Путин на „Вагнер“ и на руските војници им честиташе за заземањето на Бахмут

putin_@34234324
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Рускиот претседател Владимир Путин денеска им честиташе на приватната воена компанија „Вагнер“ и на редовната руска армија за заземањето на градот Бахмут во источна Украина.







Русија го користи за Бахмут неговото име од советската ера Артјомовск.

Во изјавата објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин рече дека битката за Бахмут завршила со победа на Русија и дека сите кои се истакнале за време на борбите ќе добијат државни награди.

„Шефот на државата им честиташе на групите на Вагнер, како и на војниците од единиците на руските вооружени сили, кои им ја дадоа потребната поддршка, за завршувањето на операцијата за ослободување на Артјомовск. се вели во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK