Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до семејството на шефот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, пренесува Ројтерс.
Пригожин беше меѓу десетте патници и членови на екипажот на приватниот авион што вчера се урна во Русија. Во несреќата нема преживеани, но се уште официјално не е објавено дека меѓу жртвите е и Пригожин.
Путин денеска изјави дека истрагата за авионската несреќа ќе потрае некое време.
Тој изјави дека Пригожин е „талентиран бизнисмен“ и дека го познава од деведесеттите години на минатиот век.