Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој министерот за надворешни работи Сергеј Лавров го одликува со Орден.
Највисокото руско одликување му беше доделено на Лавров на неговиот 75-ти роденден, пренесува РИА Новости.
„За исклучителни заслуги за татковината, голем придонес во развојот и спроведувањето на надворешната политика на Руската Федерација и долгогодишната плодна државна активност, да се одликува со Орден на светиот апостол Андреј Првоповикан, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Викторович Лавров“, се наведува во документот потпишан од Путин.