Путин донесе одлука да одговори на украинската инвазија на Курск, тврдат Русите

putin-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владимир Путин донесе одлука да одговори на упадот на Украина во Русија, изјави рускиот амбасадор во САД. „Искрено ви кажувам дека претседателот донесе одлука“, изјави Анатолиј Антонов, а јави руската државна новинска агенција ТАСС.


„Цврсто верувам дека сите ќе бидат строго казнети за она што се случи во областа Курск“, рече Антонов, но не наведе дополнителни детали за плановите на Путин.

За потсетување, вчера во Кремљ беше одржан состанок на високи функционери поради украинската инвазија во областа Курск, на која учествуваа Путин и гувернерите на пограничните региони. На средбата се разговараше за ненадејната инвазија на Украина во руската област Курск, која трае повеќе од две недели.

Тоа е најголемиот упад на странска воена сила во Русија од Втората светска војна.

Рускиот амбасадор Антонов додаде дека САД планираат да ги отстранат сите ограничувања за употребата на оружјето доставено до Украина. Актуелната управа се однесува како човек кој ја подава едната рака, а со другата држи кама зад грб“, рече Антонов.

„Тие во суштина го поставија теренот за одлука едноставно да се отстранат сите постоечки ограничувања во одреден момент, без многу размислување“, рече тој.

САД и обезбедија на Украина воена помош во вредност од повеќе од 55 милијарди долари од 2022 година, но не му дозволија на Киев да користи оружје со долг дострел на руска територија, освен ако не се користи за одбранбени прекугранични операции или одмазднички оган.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK