Путин: Би било подобро за Русија доколку победи Бајден

Путин-Би-било-подобро-за-Русија-доколку-победи-Бајден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека неговиот американски колега Џо Бајден е „попредвидлив“ за Москва од ривалот Доналд Трамп, но дека Русија е подготвена да „соработува“ со кој и да победи на претседателските избори во САД.


На новинарско прашање кој претседател би бил подобар за Русија, Путин одговори дека тоа ќе биде Бајден бидејќи „тој е личност со поголемо искуство. Тој е предвидлив, тој е старомоден политичар“.

Рускиот претседател, сепак, одби да ги коментира дебатите во американската јавност за годините на Бајден.

„Кога го сретнав Бајден во Швајцарија, мора да се признае пред три години, веќе се зборуваше за неговата неспособност, но не можам да сведочам за тоа“, рече тој.

„Она што треба да се погледне е политичката позиција и позицијата на сегашната (американска) влада, што е крајно штетно и погрешно“, додаде Путин.

Москва „ќе соработува со американскиот лидер кому американскиот народ ќе му ја даде довербата, кој и да е“, потврди тој.

Претседателските избори во САД се одржуваат на 5 ноември годинава, а голема е веројатноста Бајден и Трамп да се соочат еден со друг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK