Најмалку еден ученик е повреден во пукање во училиште во германскиот град Офенбург.
Осомничениот за пукањето е уапсен, а на терен се голем број полицајци, пишува „Бил“.
„Осомничениот е уапсен во рамките на голема акција во училиште во Офенбург. Станува збор за младо лице“, соопшти полицијата.
Ученикот е осомничен дека со огнено оружје ранил соученик.
Над училиштето кружат четири хеликоптери.
„Учениците во моментов се во училниците заради нивна безбедност“, соопшти полицијата.
Според медиумите, еден ученик е повреден.
Полицијата околу пладне пристигнала во училиштето и извршила претрес во просториите во потрага по евентуални дополнителни сторители или сомнителни предмети.
Тоа е специјално училиште за деца со потешкотии во учењето.