Еден човек загина по пукање во трговски центар во американската сојузна држава Флорида, два дена пред Божиќ, во напад во кој жртвата му била главна цел на убиецот, соопшти полицијата.
Мајк Болкен од градската полиција во Окала, каде што се случи злосторството, им изјави на новинарите дека мажот бил убиен откако бил застрелан неколку пати во трговскиот центар Падок во Окала, околу 75 километри северозападно од Орландо, пренесе АП.
Убиецот и’ пришол на жртвата во многу фреквентен дел од трговскиот центар и испукал неколку куршуми кон него, а ја застрелал жената во ногата. Потоа го фрлил оружјето и побегнал.
Болкен изјави дека жената е префрлена во локална болница и се очекува нејзино закрепнување.
Уште неколку лица од трговскиот центар ги почувствувале последиците од пукањето – едно лице добило болки во градите, а друго ја скршило раката.