Во престрелка во џамија во Оман четири лица загинаа, а неколку се повредени, соопшти полицијата.
Престрелката се случила во населбата Вади Кабир во Мускат, главниот град на Оман, пренесува АП.
Во полициското соопштение не се наведува мотивот за нападот, ниту осомничениот.
Ваквите случаи на насилство се ретки во Оман, наведува АП.