Пукање во Брисел: двајца загинати, напаѓачот во бегство

Пукање-во-Брисел-двајца-загинати-напаѓачот-во-бегство.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица се убиени во белгискиот главен град Брисел, објави обвинителството.


Новинската агенција АФП објави дека наводниот напаѓач се уште е во бегство, според обвинителите.

Портпаролката на обвинителството изјави дека е отворена истрага, но не шпекулира за мотивот на напаѓачот, јавува Би-би-си.

Според белгискиот весник „Het Laatste Nieuvs“, жртвите се Швеѓани.

Фудбалската репрезентација на Шведска, игра со Белгија во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, иако не е јасно дали жртвите биле во градот за натпреварот.

„Het Laatste Nieuvs“ пренесува дека напаѓачот, кој користел автоматска пушка, побегнал од местото на злосторството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK