Пукање пред училиште во Осло: има повредени

42ce8167-22da-4628-9e2d-648dd3b63a1b.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку истрели се испукани пред училиште во Осло во средата, а тројца осомничени се уапсени, соопшти норвешката полиција.


Инспекторите веруваат дека едно лице е повредено во престрелката, но жртвата не е лоцирана, изјави портпаролот на полицијата Андерс Роенинг за норвешкиот весник „VG“, пренесува „Хина“.

На местото на настанот се пронајдени неколку чаури, додаде тој.

Училиштето Линдеруд во североисточниот дел на Осло има околу 480 ученици од прво до десето одделение и околу 100 вработени, според веб-страницата на училиштето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK