Нигериските војници кои го соборија избраниот претседател Мохамед Базум ја обвинија Франција дека сака „воено да интервенира“ за да го врати претседателот на неговата функција, се вели во соопштението објавено денеска на националната телевизија.
– Барајќи начини и средства за воена интервенција во Нигер, Франција со соучесништво на некои Нигеријци, одржа состанок во Генералштабот на Националната гарда на Нигер за да ги добие потребните политички и воени одобренија, се вели во соопштението.
Во посебна изјава пучистите ги обвинуваат „безбедносните служби“ на „западните амбасади“, без да прецизираат кои, дека вчера во главниот град Нијамеј, истрелале солзавец врз демонстрантите кои ја поддржувале воената хунта, а како последица на тоа шестмина се повредени и префрлени во болници.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера се закани дека ќе одговори „веднаш и решително“ на секој напад врз француски граѓани и француски интереси во Нигер, каде илјадници демонстранти кои го поддржуваат воениот удар ја нападнаа француската амбасада во Нијамеј. Некои се обидоа да влезат во амбасадата но без растерани со солзавец.
Западноафриканските земји вчера упатија ултиматум од една недела до воената хунта во Нигер целосно да го врати уставниот поредок, наведувајќи дека не исклучува употреба на сила доколку е потребно.