Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата во Сирија и во регионот.
Техеран, кој помогна да се зајакне режимот на претседателот Башар ал Асад, рече дека го почитува единството и националниот суверенитет на Сирија и оти идните одлуки зависат исклучиво од народот на Сирија.
Се додава дека се очекува продолжување на долгогодишните и пријателски односи меѓу Иран и Сирија.