Протест во Панама по предлогот на Трамп дека САД треба да го преземат Панамскиот канал

tramp3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку десетици демонстранти одржаа протест пред американската амбасада во Панама поради изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека Америка треба повторно да го преземе Панамскиот канал доколку латиноамериканската земја не ја намали сумата што му ја наплатува на Вашингтон за премин на бродови.


Насобраните во вторникот пред американската амбасада во Панама Сити носеа транспаренти на кои пишуваше „Доналд Трамп, јавен непријател на Панама“ и апелираа до новоизбраниот американски претседател да не се обидува да го врати каналот во сопственост на САД, пренесува ДВ.

Во саботата, Трамп на мрежата „Truth Social“ рече дека САД треба да го вратат каналот доколку Панама не ги намали тарифите што ги наплаќа и предупреди на наводното кинеско влијание во врска со овој канал.

Панамскиот канал главно го градеа САД, кои управуваа со него до 1999 година, кога целосната контрола над морскиот премин беше предадена на државата Панама.

Панамскиот претседател Хозе Раул Мулино во понеделникот изјави дека sекој квадратен метар од каналот и припаѓа на Панама и дека за неговиот статус не може да се преговара.

Во исто време, Гренланд објави дека не е на продажба по сугестијата на Трамп дека Вашингтон може да ја преземе сопственоста и контролата на тој дански остров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK