Пронајдени телата на 31 патник по авионската несреќа во Бразил

12438670.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 31 тело досега се пронајдени на местото на авионската несреќа во Бразил, во која загинаа 62 лица, а идентификувани се пилотот и копилотот, соопшти покраинската влада на Сао Паоло.


– Меѓу загинатите има и еден Венецуелец и еден португалски државјанин – изјави претставникот на цивилната одбрана Роберто Фарина и додаде дека се контактирани локалните конзулати.

Сите пронајдени тела се префрлени во полициската мртовечница во Сао Паоло, објави Ројтерс.

– Се анализира таканаречената „црна кутија“ на авионот, која содржи гласовни снимки и податоци за летот – изјави Марсело Морено, шеф на бразилскиот центар за истрага на авионски несреќи Ценипа.

Регионалниот превозник „Воепас“ вчера објави дека во авионот што се урна во петокот кај Сао Паоло имало 57 патници и дека имало четворица членови на екипажот, но денеска компанијата потврди дека на летот имало уште еден патник, со што бројот на жртви достигна 62 лица.

Kоординаторот за цивилна одбрана на државата Сао Паоло, Хенгуел Переира, рече дека роднините на жртвите биле донесени во Сао Паоло за да помогнат во обезбедувањето генетски материјал за идентификување на ДНК од делови од телото и други информации за мртвите.

Авионот, турбопропек АТР-72, летал за Сао Паоло од Каскавел, во бразилската држава Парана, а се урнал околу 13 часот и 30 минути во градот Вињедо, на околу 80 километри северозападно од Сао Паоло.

Француско-италијанската ATР е доминантен производител на регионални авиони кои превезуваат од 40 до 70 патници.

АТР вчера соопшти дека нејзините експерти биле „целосно ангажирани“ во истрагата за несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK