Спасувачите во Чукотка, Русија, пронајдоа авион кој беше пријавен за исчезнат, а сите три лица во него – пилотите и еден патник – се живи и се здобија со повреди со различна тежина, изјави шефот на регионот Владислав Кузњецов.
Кузњецов на Телеграм напиша дека, според прелиминарните информации, сите три лица во авионот се живи, а во моментот кога бил пронајден авионот, во него имало копилот и патник и дека пилотот тргнал пеш за да бара локација за комуникација, пренесе РИА Новости.
Од главната управа на Министерството за вонредни состојби претходно за РИА Новости изјавија дека авионот Ан-2, со три лица во него, престанал да комуницира во Чукотка.
Спасувачите тргнале со хеликоптер и теренски возила во потрага по исчезнатиот авион.
Ан-2 припаѓа на авиокомпанијата „Стриж авија“, која лета на релација Певек – Пољарни – Певек.
Кузњецов подоцна изјави дека спасувачкиот хеликоптер, кој полетал во потрага по Ан-2, бил повлечен поради лошите временски услови.
Кузњецов истакна дека пилотите и патникот ќе бидат пренесени во болница во утринските часови, доколку времето дозволи.