Портпаролката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој отслужува 30-годишна затворска казна, соопшти дека е пронајдено каде се наоѓа Навални.
„Го најдовме Навални. Тој се наоѓа во казнената колонија 3, во населбата Карп, на север од Урал, во автономниот регион Јамал-Ненец. Денеска го посети неговиот адвокат. Алексеј се чувствува добро“, рече портпаролката Кира Џармуш на платформата Х (Твитер).
Пред две недели, соработниците на Навални објавија дека се загрижени, бидејќи долго време не го виделе и не слушнале, а во затворот во Владимирската област, каде Алексеј ја отслужуваше казната, тој повеќе не беше на списокот на затвореници.