Во последните 24 часа по руското гранатирање на регионот Херсон, три лица загинаа, а четворица се повредени, објави регионалниот гувернер Олександар Прокудин на каналот Телеграм.
Тој напиша дека непријателот истрелал осум гранати врз градот Херсон.
-Руските војници погодија станбени области, објект за дистрибуција на хуманитарна помош и медицинска и образовна институција во градот. Три лица загинаа, а четворица се ранети, напиша Прокудин.