Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска му честиташе на Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД и порача дека двете земји ќе продолжат да работат заедно за доброто на своите граѓани.
„Германија и САД долго време успешно работат заедно за да промовираат просперитет и слобода на двете страни на Атлантикот. Ќе продолжиме да го правиме ова за доброто на нашите граѓани“, рече Шолц на социјалната мрежа Х.
Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД и влегува во Белата куќа како 47-ми американски претседател, што ќе биде негов втор мандат.