Продолжуваат преговорите со Хамас за ослободување на заложниците: „Се оди многу добро, напредуваме“

Продолжуваат-преговорите-со-Хамас-за-ослободување-на-заложниците-„Се-оди.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Има значителен напредок во преговорите за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, но се уште има некои прашања што треба да се решат, изјавија за Си-ен-ен дипломатски извори запознаени со ситуацијата.


„Преговорите се одвиваат многу добро. Постигнуваме напредок. Сè уште има проблеми, но разговорите се во тек“, рече изворот.

Помошникот државен секретар на САД за Блискиот Исток, Барбара Лиф, е во Доха на разговори и состаноци предводени од Катар.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вчера на прес-конференција ги коментираше преговорите за ослободување на заложниците и рече дека „секој канал е можен канал“.

„Едно треба да биде јасно – имаме цел. Имам доверба во државата Израел и ИДФ. Ќе продолжиме да правиме се што можеме за да ги вратиме киднапираните и исчезнатите“, рече Галант.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK