Најмалку двајца студенти беа уапсени за време на нивниот протест против израелската војна во Појасот Газа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.
Полицијата протестите пред пладне во вторник ги оцени како мирни, но попладнето дошло до ескалација кога била обоена статуа пред зградата на универзитетот, јавува Би-би-си.
Студентите скандираа „Слобода за Палестина“, тропаа на тапани и маршираа околу зградата на Колумбија, барајќи од администрацијата на универзитетот да не заборави зошто протестираа на крајот од минатиот семестар.