Проблем со списокот на заложници што треба да биде објавен денеска: Израел тврди дека Хамас го прекршува договорот

Лекари-без-граници-за-ситуацијата-во-Газа-Се-пука-врз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел доцна во неделата доби список од 11 заложници кои се очекува да бидат ослободени во четвртиот круг од страна на Хамас во Појасот Газа во понеделник, но има проблем со списокот, објавија израелските медиуми.


Сепак, како што пренесува „Џерусалим пост“, семејствата на ослободените допрва треба да бидат известени.

Координаторот за заложници и исчезнати Гал Хирш во понеделникот наутро изјави дека израелските власти разговараат за списокот.

Изворите на израелските медиуми шпекулираат дека доцнењето со потврдувањето на списокот на семејствата може да биде резултат на уште едно прекршување на договорот за ослободување на заложниците меѓу Хамас и Израел, според кој семејствата не се разделуваат, односно мора сите членови на исто семејството да бидат ослободени во ист момент. „Џерусалим пост“ не го потврди ова тврдење.

Катарските посредници работат на решавање на проблемот и избегнување какво било одложување на планираните најави за денеска, изјави за Ројтерс официјален претставник запознаен со ова прашање.

Досега 40 Израелци, главно жени и деца, се ослободени како дел од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK