Приведен руски пензиониран офицер за безбедност, кој го обвини Путин за слабост и неодлучност во Украина

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Рускиот пензиониран офицер за безбедност Игор Стрелков, кој го обвини претседателот Владимир Путин за слабост и неодлучност во Украина, беше приведен денеска под обвинение за екстремизам, што можеби е сигнал дека Кремљ го заострува својот пристап со критичарите по минатомесечниот неуспешно бунт на платеничката група Вагнер.

Стрелков, кој ги предводеше сепаратистите поддржани од Москва во источна Украина во 2014 година и беше обвинет од Холандија дека е вмешан во соборувањето на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ истата година, тврди дека е потребна целосна мобилизација за Русија да постигне победа и неодамна отворено го критикуваше Путин.



Приведувањето на Стрелков, чие вистинско име е Игор Гиркин, го пријавила неговата сопруга. Таа рече дека тој се соочува со обвиненија за екстремизам.

Неговото апсење доаѓа речиси еден месец по краткотрајниот бунт што го започна шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Како и Пригожин, Стрелков остро ги критикуваше руските воени команданти за нивната неспособност, но го осуди и шефот на Вагнер и неговите постапки ги опиша како предавство и голема закана за руската држава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK