Економската загуба на Кина од природни катастрофи во првите шест месеци од 2024 година изнесува 93,16 милијарди јуани или околу 12,83 милијарди долари, објави денеска владата во Пекинг.
Во тој период, поплави, суши и екстремни температури, како и земјотрес ја погодија Кина, а тоа негативно се одрази на животот на 32,38 милиони луѓе, пренесува Ројтерс.
Во овие поплави и суши загинаа или исчезнаа 322 лица, уништени се 23.000 куќи и уништени се 3,17 милиони хектари земјоделски култури, додека 856.000 луѓе мораа итно да се преселат.