Пригожин во Москва го споредуваат со Ленин и Сталин: „Го почитувам затоа што тргна против системот“

prigozin-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По веста дека водачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа во регионот Твер, стотици ожалостени луѓе се собраа на импровизираниот споменик во Москва во чест на основачот на паравоената организација, пишува „Њујорк Тајмс“.


Тие го пофалија Пригожин, а имаше и такви кои го споредија лидерот на „Вагнер“, кој пред само два месеци започна краткотраен бунт против руската армија, со советските водачи Владимир Ленин и Јосиф Сталин.

Според медиумот, искажувањето на почит и жалост за Пригожин во близина на Црвениот плоштад во Москва покажува дека неговата популарност не е намалена, дури и откако тој се судри со Владимир Путин, кој го опиша вооружениот бунт на „Вагнер“ во јуни како „предавство“.

Жителка на Москва во изјава за Тајмс вели дека се плашат од Пригожин.

„Само тоа е достојно за почит. Тој не само што ги натера луѓето да се плашат од него, тој создаде систем што никој друг го немаше, тој направи нешто што никој друг не го направил“, рече таа.

Додаде дека во нивната историја имало „само еден Ленин, еден Сталин и еден Пригожин“.

Студентот Сергеј кој му оддаде почит, рече дека Пригожин ја добил неговата почит затоа што одел против системот.

Медиумот потсетува дека Пригожин и уште девет лица загинаа минатата недела кога приватен авион поврзан со групата „Вагнер“ се урна во регионот Твер.

Прелиминарните информации од американската разузнавачка заедница сугерираат дека авионот се урнал како последица на намерна експлозија.

Кремљ ги отфрли обвинувањата дека има некаква врска со несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK