– Шефот на бунтовничките руски паравоени платеници, Евгениј Пригожин, потврди дека руската армија ги напаѓа конвоите на Вагнер, пренесе Би-Би-Си.
„Тие пукаа во нас, прво со артилерија, а потоа и од хеликоптер“, напиша Пригожин на Телеграм, но не објави каде се случиле нападите.
Западни агенции претходно објавија дека руски хеликоптери го нападнале конвојот на Вагнер во близина на Воронеж.
Пригожин објави на Телеграм дека неговите сили го зазеле Ростов на Дон „без да испукаат ниту еден куршум“.
Ростов на Дон е милионски град на околу сто километри од украинската граница и е најголемиот воен логистички центар во агресијата против Украина. Има големи магацини со гориво и муниција.
Пригожин уште соопшти дека во Ростов на Дон биле пречекани од локалното население како ослободители и дека тамошните жители им нуделе бесплатно храна и пијалаци.
Civilians in Rostov are bringing food and beverages to Wagner fighters. pic.twitter.com/0dhIBWTcQ3
— Dmitri (@wartranslated) June 24, 2023