Пред да биде киднапиран со сопругата и децата, Израелец испратил очајни пораки до својата сестра

Пред-да-биде-киднапиран-со-сопругата-и-децата-Израелец-испратил.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сестра на заложник на Хамас се присети на очајниот разговор на „ВатсАп“ со него кога милитантите упаднаа во неговиот кибуц.


Офри Бибас Леви, чиј брат Јарден Бибас, неговата сопруга Шири и двете деца беа киднапирани од групата, рече дека прво испратил порака за да му каже на своето семејство да оди во безбедна соба. Поради тоа што се на границата со Газа, ракетните напади се редовна појава, објасни таа. Но, подоцна слушнале дека Хамас упаднал во кибуцот, пукајќи во цивили и палејќи куќи.

Нејзиниот брат и напишал: „Се трудиме децата да бидат тивки, но тешко е, тие се бебиња“.

Му реков да се погрижи децата да молчат. Тој рече: „Се трудиме, но тешко е. Тие се бебиња’. Потоа рече дека може да слушне многу пукотници пред нивната куќа и терористи кои врескаат на арапски“, ја започна својата потресна приказна за Скај њуз, Офри Бибас Леви.

Во пораките се збогувал со сестра си

„Повторно, им реков да молчат. А потоа тој рече: „Потресен сум. Се чувствувам како да е готово“, исто така рече и: „Те сакам“.

Му испратив порака: „Молчи… Не кажувај го тоа. Не кажувај збогум“, раскажа таа.

Десет минути подоцна, нејзиниот брат напишал дека Хамас доаѓа, а нејзиното семејство никогаш повеќе не слушнало за нив, рече Бибас Леви.

Тие не знаат каква е нивната судбина

Таа рече дека од фотографиите и видеата објавени од Хамас открила дека се заробени, но нивната судбина допрва ќе се знае.

„Не знаеме ништо за тоа каде биле чувани, дали бебињата имаат храна… не знаеме дали биле мачени, не знаеме ништо.

На прашањето дали ослободувањето на двајцата заложници во текот на викендот и дава надеж, Бибас Леви рече дека чувствува „измешани емоции“.

„Секако дека сме среќни поради нив, но сето тоа е дел од пропагандата на Хамас. Мислам дека тоа не е чекор кон некаков вид на преговори.

За тоа каква ќе биде нејзината порака до милитантите на Хамас кои го држат нејзиното семејство во заложништво, таа рече:

„Чувајте ги на безбедно, ги сакаме, ни недостигаат, сакаме да се вратат“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK