Пожарите во националната шума Кламат, во близина на границата Калифорнија и Орегон, однесоа еден живот, изгореа најмалку девет куќи, а стотици луѓе се евакуирани.
Пожарите кои со денови беснеат во Калифорнија се предизвикани од бура со грмотевици која на 14 август ја зафати шумата Кламат. Два дена подоцна, 71-годишен маж бил пронајден мртов на патеката од неговата куќа во опожарената површина.
Во средата наутро во комплексот Хепи Камп, пожарот зафатил околу 50.000 квадратни метри, или четири отсто од површината на комплексот, објави Калифорниското одделение за шумарство и пожар. Во комплексот се активни неколку пожари, од кои најголемиот зафатил половина од вкупната опожарена површина.
Евакуирани се 755 луѓе, а пожарот загрози повеќе од илјада објекти. Во наредните денови се очекува пожарите да станат поактивни поради доаѓањето на сув воздух во околината.