Во центарот на Москва синоќа избувна пожар. Пламените јазици се изгаснати на површина од 50 квадратни метри. Нема повредени во пожарот, а причината се уште не е соопштена.
Игор Сушко, дописник на „Киев Индипендент“ информира дека се работи за пожар во близина на стадионот „Слава“, на само 3,2 километри од Кремљ.
„Горат зградите зад стадионот „Слава“ во близина на метро станиците Новослободскаја и Менделевскаја, на два километри од Кремљ. Се чини дека тесните улички може да бидат недостапни за противпожарни возила. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот на целиот стадион“, напиша синоќа Сушко на Твитер.