Пожар зафати населба на Хаваи, наредена итна евакуација: голем број пожарникари на терен

Screenshot-2024-07-16-133314.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жителите на околу 200 домови на хавајскиот остров Кауаи се евакуирани поради пожар кој брзо се проширил поради налетите на ветрот, додека пожарникарите се обидувале да го изгаснат со испуштање вода од воздухот, соопштија денеска властите.



Пожарот изгоре околу 4,04 квадратни километри земјиште меѓу Ханапепе и Каумакани, соопштија пожарникарите во Кауаи.

Тие додадоа дека се загрозени неколку објекти, а 60 отсто од пожарот е изгаснат, пренесува АП.

Поради пожарот, електричната енергија беше исклучена и за корисниците од западната страна на островот.

Овој пожар доаѓа речиси една година откако пламенот го зафати историскиот град Лахаина, при што загинаа повеќе од 100 луѓе, изгореа околу 3.000 згради и беа раселени 12.000 жители.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK