­

Пожар избувна во најстариот луксузен хотел во Швајцарија

1-32.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожар избувна доцна синоќа во најстариот луксузен хотел во Швајцарија во центарот на Женева, а гостите се евакуирани, јавуваат локалните медиуми.


Пожарот го зафати Хотел де Берг, хотел со пет ѕвезди отворен во 1834 година и кој се смета за знаменитост во Женева. Нема извештаи за повредени, изјави директорот на хотелот Педро Нора, додавајќи дека гостите се евакуирани во околните хотели.

Пожарникарите користеле кранови за да стигнат до пожарот на покривот.

Не се познати причините за пожарот кој брзо бил локализиран. Во хотелот редовно се одржуваат големи настани, како што се аукциите на накит Кристи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK