Повторно протести во Израел поради реформите во правосудството

izrael-protesti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Израел денеска почнаа протести против планираните владини реформи во правосудството. Демонстрантите утрово привремено блокираа неколку патишта низ земјата и извикуваа „Мораме да го запреме уништувањето на демократијата!“.

Според организаторите, во текот на денот се планирани дополнителни собири. Во попладневните часови се очекува илјадници Израелци да се соберат на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив.


Кнесетот синоќа на прво читање го усвои клучниот дел од контроверзната судска реформа што ја бара Владата, по паузата во нејзиното спроведување поради масовните протести низ земјата.

Целта е да му се одземе способноста на Врховниот суд да ги укинува одлуките на Владата кои ги смета за „неразумни“.

По долга и жестока расправа пратениците таа одредба ја усвоија со 64 гласа „за“ и 56 „против“.

Со гласањето заврши тримесечната пауза во која се водеа преговори со опозицијата.

Паузата почна по серијата масовни протести на противниците на реформите и предупредувањата од светските лидери и други официјални лица дека демократијата на Израел ќе биде загрозена со одземање на овластувањата и независноста на Врховниот суд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK