Повеќето Американци чувствуваат дека живеат полошо од пред четири години, според истражувањата

677z381_amerika-kuci-potrosaci-prodavnica-epa-efe-CRISTOBAL-HERRERA-ULASHKEVICH.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Малку повеќе од половина од Американците веруваат дека живеат полошо отколку пред претседателските избори во 2020 година, според најновата анкета на „Галуп“, птенесуваат медиумите во регионот.


Покрај тоа, мнозинството жители на САД веруваат дека ситуацијата во економијата на земјата продолжува да се влошува.

Истражувањето покажало дека 52 отсто од испитаниците веруваат дека тие и нивните семејства живеат полошо отколку во 2020 година, а 39 отсто од нив веруваат дека живеат подобро. Околу осум проценти велат дека нивниот стандард во основа не е значително променет.

Истражувањето според написите е спроведено од 16 до 28 септември и открива разлики во перцепцијата за стандардите на населението пред претседателските избори. Резултатите покажале дека дури 72 отсто од демократите веруваат дека живеат многу подобро од пред четири години, само 7 отсто од републиканците мислат така, додека 35 се неутрални.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK