Повеќе од половината Белгијци ја поддржуваат монархијата во земјата

belgija_3453454353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Повеќе од половината Белгијци ја поддржуваат монархијата во земјата, покажува истражувањето на истражувачката и консултантска компанија Ипсос за белгиските медиуми Le Soir, HLN, RTL и VTM.

Резултатите покажаа дека мнозинството од анкетираните гласале за монархијата.


Додека 28 отсто од анкетираните сакаа република, 57 отсто, главно тие кои живеат во Брисел и во регионот на Валонија, каде се зборува француски јазик, ја поддржаа монархијата.

Стапката на промонархистички граѓани во Брисел и Валонија изнесува 63 отсто, додека во регионот на Фландрија, каде се зборува холандски изнесува 52 отсто.

Титулата крал во Белгија е симболична.

Сегашниот и осми монарх, кралот Филип (63) го наследи тронот во 2013 година поради здравствената состојба на неговиот татко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK