Повеќе од половина од британските семејства не можат да си дозволат летен одмор, според истражувањата

7bcb068b-e160-4dae-b787-4ee85510d78d.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од половина од британските семејства стравуваат дека нема да можат да си дозволат одмор ова лето, покажа истражувањето.


Во времето кога училиштата се затворени, 51 отсто од родителите велат дека летниот распуст го надминува домашниот буџет, а 52 отсто дека не можат доволно да си дозволат краток одмор или некоја летна активност за децата, покажуваат резултатите од истражувањето од страна на невладината организација „Action for Children found“.

Секој дванаесетти родител или осум проценти од нив или 700.000 семејства изјавиле дека никогаш не биле на семеен одмор.

И покрај падот на инфлацијата и знаците за економски раст, третина од семејствата (32 отсто) веруваат дека ќе бидат финансиски полоши ова лето од минатата година.

„Секоја година, нашите работници го чувствуваат финансискиот и емоционалниот притисок што го предизвикуваат летните одмори врз семејствата, особено оние со пониски примања“, рече извршниот директор на организацијата, Пол Карбери.

„Со новата влада имаме можност да размислиме како ги поддржуваме семејствата во тешки времиња“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK