­

Повеќе од 3.000 луѓе загинаа во земјотресот во Мјанмар, прогласен прекин на огнот во граѓанската војна


9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владејачката хунта во Мјанмар прогласи привремен прекин на огнот во својата граѓанска војна во вторникот за да ги олесни хуманитарните напори по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, каде загинаа повеќе од 3.000 луѓе.


На државната телевизија МРТВ денеска беше објавено соопштение од високата воена команда во кое се наведува дека прекинот на огнот ќе трае до 22 април, а целта е да се изрази сочувство за луѓето погодени од земјотресот.

Претходно, едностран прекин на огнот беше прогласен од страна на вооружените групи на отпор кои се спротивставија на воената влада.

Овие групи мора да се воздржат од напад на државата или прегрупирање, во спротивно армијата ќе ги преземе „неопходните“ мерки, се вели во соопштението на армијата.

Претходно денеска спасувачите извлекоа живи тројца мажи од урнатините пет дена по земјотресот.

Земјотресот со епицентар во Мјанмар е силно почувствуван и во Тајланд, а причинета е голема материјална штета. Бројот на загинати денеска се искачи на 3.003, а повредени се над 4.500 лица, објави МРТВ. Сепак, се претпоставува дека бројките се многу поголеми.

Мјанмар веќе доживуваше хуманитарна криза поради граѓанската војна. Според податоците на Обединетите нации, повеќе од три милиони луѓе биле внатрешно раселени, а на повеќе од 20 милиони луѓе им била потребна помош дури и пред земјотресот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK