Повеќе од 280 кандидати за Нобеловата награда за мир: „Меѓу кандидатите Маск, Столтенберг, Асанж, Трамп“

Повеќе-од-280-кандидати-за-Нобеловата-награда-за-мир-„Меѓу.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Норвешкиот Нобеловиот институт објави дека дури 285 кандидати се номинирани за Нобеловата награда за мир во 2024 година.


„Норвешкиот Нобеловиот институт има пријавено вкупно 285 кандидати за овогодинешната награда за мир, од кои 196 се поединци, а 89 се организации“, се наведува во соопштението.

Рокот за номинации за Нобеловата награда за мир за 2024 година истече на 31 јануари, се додава во соопштението.

„Дејли мејл“ претходно напиша дека норвешкиот пратеник Мариус Нилсен го номинирал американскиот милијардер и претприемач Илон Маск за Нобеловата награда за мир во 2024 година.

Според извештајот, за оваа награда се номинирани и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, колумбискиот претседател Густаво Петро, ​​основачот на Викиликс Џулијан Асанж, британскиот екологист Дејвид Атенборо, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, палестинската новинарка Хинд Худари и поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK